СМАРТ КОЛОР

За нас

Смарт колор е компанија чија основна дејност е трговија со бои и лакови, лепила и други производи за завршни работи во градежништвото, како и потребниот молерофарбарски алат. „Смарт колор“ е модерна трговска фирма која работи по светски стандарди.
Фирмата е основана во 2004 год. Вработените во оваа фирма го негуваат современиот начин на работа, што подразбира врвен квалитет и знаења со што им се приближува на сé побројните купувачи и партнери. Ваквиот поволен однос помеѓу квалитетот и цените се постигнува со стабилни релации помеѓу добавувачите како и со воспоставување взаемна доверба помеѓу вработените и купувачите.
Сите оние кои го имале задоволството да купуваат во нашата продавница виделе дека освен бои, лакови, четки и друг алат и опрема, можат да сметаат на асистенцијата и љубезноста на едуцираните продавачи како и на ниските цени. Истовремено, нашиот тим ќе ви понуди совети, идејни решенија и помош при донесувањето на одлуките, упатства за аплицирањето на производите како и помош и решенија при евентуалните проблеми кои се појавуваат во домот: влага, мувла, чад итн.
Идејни решенија
Нашиот тим ќе ви понуди совети, идејни решенија и помош при донесувањето на одлуките.
Помош и упатства
Даваме упатства и решенија при евентуалните проблеми кои се појавуваат во домот: влага, мувла, чад итн.
Компјутерско нијансирање
На секој молер и заинтересиран купувач му излегуваме во пресрет лесно и брзо да дојде до саканата нијанса.
База на податоци
Создадовме сопствена база на податоци во која се запишани сите компјутерско нијансирани бои и која се активира секогаш кога тоа ќе им притреба на нашите клиенти.
Врвен квалитет и знаење
Во нашата фирма го негуваме современиот начин на работа со што им се приближуваме на сé побројните купувачи и партнери.
Едукација на вработените
Постојана едукација на вработените овозможва постојано следењ на еколошките стандард и новите технолошки истражувања актуелни во светот.

Партнери

Соработуваме со докажани производители од Европа, како и со производители од соседните земји. Во нашиот асортиман ќе најдете бои кои се наменети токму за вас и вашите потреби за боење на внатрешните ѕидови, надворешните фасади, полиуретански бои и лакови за Вашиот мебел, како и лакови за паркет и заштита на дрво.
За таа цел, ние ви нудиме избор на повеќе од 10000 нијанси по каталог на RAL, NCS, ER-LAC, но истовремено, кај нас можете да добиете и боја која сте ја одбрале надвор од каталошката понуда.